Компјутерски Вируси
Некои вируси само прикажуваат пораки,
креираат звуци или коментари во различни временски интервали откако ќе
се размножат или кога ќе го стартувате опасниот програм. Не можат да
направат повеќе од ова додека други вируси се направени така што тие се
способни да расипат некој програм, да избришат одредени податоци или пак
да ги избришат сите податоци сочувани на хард дискот во компјутерот.
Макро Вирус
Макро е код кој може да остане во податочните фајлови, а макро вирус е вирус кој останува во податочните фајлови (на пример документ) како и неговиот макро attachment. Макро вирусите може да се прикачат само на податочните фајлови а не на егзекутивните програми. Овие вируси беа многу чести кон крајот на 20-от век.
EMAIL ВИРУСИ
Овој вирус може автоматски самиот да се размножува и се префрлува на тој начин што самиот се атачира (се прикачува) на електронската пошта. Овој вирус се праќа до сандачето на контактната листа на корисникот. Некои од овие вируси дури и нема потреба два пати да бидат кликнати. Едноставно се стартуваат кога ќе ги видите на лентата во вашиот inbox.
TROJAN HORSE (Тројански коњ)
Тројанскиот коњ не може да се размножува себе си автоматски. Тоа е едноставна програма (на пример за компјутерска игра) , но создава штета на вашиот компјутер. Може дури и да избрише податоци од компјутерскиот хард диск. Тие може лесно да бидат избришани.

WORMS (компјутерски црви)
Компјутерските црви се програми кои ја имаат можноста да се размножуваат но не можат да се закачат на фајл или програма и секогаш остануваат како поделени. Многу пати тие имаат некаква функционалност која ќе му попречи на нормалното работење на програмски фајл. Тие се прилично слични со вирусите и се сметаат повеќе за вируси отколку за црви.
LOGIC BOMBS (Логички бомби)
Овој тип на вирус станува активен на одреден датум и време и тие може да предизвикаат несакани последици како што е бришење на фајловите.
POLYMORPHIC ВИРУС
Овој вирус може да креира различни операциони копии од самиот себе. Едноставните скенери (антивируси) не се способни да ги пронајдат сите операциони копии од тој вирус.


No comments:
Post a Comment