Monday, May 14, 2012

                    Компјутерски Вируси


Некои вируси само прикажуваат пораки, креираат звуци или коментари во различни временски интервали откако ќе се размножат или кога ќе го стартувате опасниот програм. Не можат да направат повеќе од ова додека други вируси се направени така што тие се способни да расипат некој програм, да избришат одредени податоци или пак да ги избришат сите податоци сочувани на хард дискот во компјутерот. 



 Макро Вирус                                                                                                                                        

Макро е код кој може да остане во податочните фајлови, а макро вирус е вирус кој останува во податочните фајлови (на пример документ) како и неговиот макро attachment. Макро вирусите може да се прикачат само на податочните фајлови а не на егзекутивните програми. Овие вируси беа многу чести кон крајот на 20-от век.

     EMAIL ВИРУСИ 

Овој вирус може автоматски самиот да се размножува и се префрлува на тој начин што самиот се атачира (се прикачува) на електронската пошта. Овој вирус се праќа до сандачето на контактната листа на корисникот. Некои од овие вируси дури и нема потреба два пати да бидат кликнати. Едноставно се стартуваат кога ќе ги видите на лентата во вашиот inbox.






TROJAN HORSE (Тројански коњ)

Тројанскиот коњ не може да се размножува себе си автоматски. Тоа е едноставна програма (на пример за компјутерска игра) , но создава штета на вашиот компјутер. Може дури и да избрише податоци од компјутерскиот хард диск. Тие може лесно да бидат избришани.


                                       
      

WORMS (компјутерски црви)

Компјутерските црви се програми кои ја имаат можноста да се размножуваат но не можат да се закачат на фајл или програма и секогаш остануваат како поделени. Многу пати тие имаат некаква функционалност која ќе му попречи на нормалното работење на програмски фајл. Тие се прилично слични со вирусите и се сметаат повеќе за вируси отколку за црви.                                                                        



     

LOGIC BOMBS (Логички бомби)

Овој тип на вирус станува активен на одреден датум и време и тие може да предизвикаат несакани последици како што е бришење на фајловите.




                                    


POLYMORPHIC ВИРУС

Овој вирус може да креира различни операциони копии од самиот себе. Едноставните скенери (антивируси) не се способни да ги пронајдат сите операциони копии од тој вирус.





                                     
                                                 

STEALTH (Лукав) ВИРУС

Кога овој е активен прави некои промени во фајловите и ги крие тие примени. Па програмите кои ги читаат фајловите само ја гледаат оригиналната форма а не инфицираната форма. Поради тоа антивирусот не може да го детектира едноставно. Вирусот мора да виде присутен во меморијата за да биде лоциран од антивирусот.


                 

BOOT SECTOR ВИРУС

Овој вирус ги инфицира мастер boot рекордите (MBR) или ДОС boot секторот. Мастер boot рекордот е секогаш на првиот сектор на хард дискот. Кога вирусот навлегува во драјвот почнува да се шири во меморијата секогаш кога ќе го вклучиме компјутерот. Потоа оди на секој диск од системот. Не е едноставно да се ослободиме од вирус кој го нападнал бутирачкиот (стартувачки) сектор затоа што поголемиот дел од антивирусите не се моќни да го отстранат овој вирус или да го исчистат мастер бутирачкиот рекорд додека работи оперативниот систем (на пример Windows). Бутирачки антивирус диск е потребен за правилно да се избрише MBR и да се ослободи од бутирачкиот сектор со вирусот.




                                                                  

No comments:

Post a Comment